Спорт

Тренерски смени во Андерлехт и Волфсбург

Волфсбург/Андерлехт , 18. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најтрофејниот белгиски тим Андерлехт му врачи отказ на тренерот Рене Вајлер, а во исто време тренерот го отпушти и бундеслигашот Волфсбург.

Андерлехт по девет кола во националното првенство има освоено само девет бода, од кои само еден на последните шест меча. Белгиците исто така загубија и во првото коло во Лигата на шампионите.

Речиси во исто време отказ доби и тренерот на Волфсбург, Андреас Јонкер. „Волците“ под водство на 54-годишниот Јонкер забележаа само една победа во воведните четири натпревари во Бундеслигата. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука