Избор Охрид

Охрид домаќин на Меѓународна конференција за предисториски населби

Охрид, 25.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ќе биде домаќин на Меѓународна конференција посветена на предисториските населби крај вода што ќе се организира во рамки на проектот за предисториски населби крај вода.

Овој тригодишен проект го реализираат македонски, швајцарски, украински и руски археолози со поддршка на Швајцарската национална научна фондација.

Предвидено е, покрај конференцијата, искусните археолози да обучуваат и европски студенти на полето на подводната археологија, дендрологијата и методите за ископување во мочурливи средини. Македонските студенти пак, ќе бидат обучувани за археолошките методи во Швајцарија и Русија.
Во рамки на проектот се предвидени и повеќе предавања и работилници за неолитот и праисториските наколни наслеби во Македонија, и пошироко во Европа. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука