Избор Охрид

Меѓународен семинар за менаџери и сметководители во Охрид

Охрид, 25. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Бугарската фирма Personal-Konsult од 10 -ти до 13 -ти април во Охрид, ќе организира Меѓународен семинар за менаџери и сметководители.

На семинарот ќе бидат презентирани прашања за квалификации, промени и актуелни прашања за социјално, здравствено и пензиско осигурување.

Предавач ќе биде Аспасија Петкова – консултант за социјално и здравствено осигурување од Бугарија.

– Курсот е за лицата кои сакаат да бидат беспрекорни менаџери и сметководители пред инспекциските органи при вршење на проверки и ревизии. Во текот на обуката партиципантите од повеќе земји од Балканот, ќе се стекнат со практични знаења, совети за специфични студии на случај, а ќе има дискусии и одговори по зададени прашања, најавуваат организаторите.

Учесниците ќе добијат сертификат за стручно усовршување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука