октомври 4, 2017

Охрид, 4. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – За љубителите на пишаниот збор, од охридската Библиотека „Григор Прличев“ информираат дека е збогатен книжниот фонд со нови наслови.

– Меѓу новите наслови во Библиотеката за овој месец ги издвојуваме: „Линда” – Лејф Г.В. Першон, „Јас пред тебе” – Џоџо Мојес, „Орландо” – Вирџинија Вулф, „Мојот татко Пабло Ескобар” – Хуан Пабло Ескобар, „Љубов на два континента” – Марија Бабамова, „Во вортексот на остварените желби” – Ана Бучевиќ и „Љубовниците и мистиците” – Руми Џелалудин, информираат од Библиотеката. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука