Избор Спорт

З’ш Авантура од Триглав до Магаро (Фото/видео)

Охрид, 5. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за планинарење, велосипедизам и еко култура „З’ш Авантура“ од Охрид се збратими со неколку словенечки клубови.

Во месец август годинава, амбасадорот на Република Словенија во земјава, проф д-р Милан Јазбец, инаку голем пријател на Македонија, екологист, вљубеник во природата, вљубеник во Охрид, со неколку членови на нашето здружение ја обиколија Галичица.

Zanko3

На покана на Јазбец, следуваше посета на Словенија, поточно експедиција на „З’ш Авантура“ успешно го освои врвот Триглав во Словенија.

zstriglav1

Како круна на ваквите успешни подвизи, „З’ш Авантура“ направи договор за соработка со неколку клубови од Словенија. Па, во возвратна посета на земјава, на крајот на минатиот месец, околу 70 луѓе, заедно со амбасадорот Јазбец го разгледаа Охрид.

Посетата беше на покна на претседателот на Здружението за планинарење, велосипедизам и еко култура „З’ш Авантура“, Жанко Голабоски.

zsavanturaslovenci

slovencinamagaro

– Нивната посета овде ја организиравме како, ако може така да се рече планинарски фестивал. Го насловивме „Словенија над Охрид“. Словенците престојуваа кај нас четири дена. Гостите беа презадоволни, ги однесовме на Магаро, беа восхитени од глетката на Охридското и Преспанското езеро. Следниот ден имаше искачување од Билјанини извори до Висок врв и назад преку Велестово. Покрај тоа, нашите пријатели ги проетавме низ Охрид и околината, ги посетија најзначајните културно-историски знаменитости, Заливот на коските, Свети Наум и сето тоа со професионални водичи, истакна Голабоски.

zsavantura2

Тој потенцира дека за следната година има најава да дојдат уште повеќе планинари и вљубеници во природата. З’ш Авантура“ ќе ја продолжи ваквата пракса и во иднина планира соработка и со други здруженија од ваков тип во земјава и странство. (Крај)

 

 

извор: ОхридПрес фото/видео: З’ш Авантура

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука