октомври 8, 2017

Охрид, 8. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со филмот „Чик“ синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворен Фестивалот на новиот германски филм.

Фестивалот се одржува по 13-ти пат и е константа во културниот живот на македонскиот главен град и уште девет градови во внатрешноста на земјата, вклучително и Охрид.

Во рамките на фестивалот кој ќе трае до вторник, ќе бидат прикажани повеќе филмови. Вечерва од 20:00 часот е трагикомедијата „Тони Ердман“, а за следниве денови распоредот е следен:

– „Авантурата на Нели“ (детски филм) на 09.10.2017 година со почеток во 13:00 часот
– „На иста висина“ (филм за деца и младинци) на 10.10.2017 година со почеток во 13:00 часот
– „Херберт“ (драма) на 09.10.2017 година со почеток во 20:00 часот
– „24 недели“ (драма) на 10.10.2017 година со почеток во 20:00 часот

Влезот за сите проекции е бесплатен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука