октомври 13, 2017

Охрид, 13. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Етно вечер насловена „Незаборав“ ќе се одржи во сабота, 21-ви октомври во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Љубителите на старата македонска чалгиска музика ќе имаат можност да го проследат настапот на фолклорниот ансамбл „Бисери“, Ансамбл Билјана јуниор, а како специјален гостин свој настап ќе има маестро Зоран Џорлев.

etno_vecer_koncert_1_360x640

– Песната е нашиот идентитет. По старата македонска чалгиска музика сме препознатливи и уникатни во светот. Преку ваквите настани, ќе го исполниме аманетот на авторите кои стојат зад овие дела и само така ќе ги сочуваме од заборав, вели организаторот на овој настан, Ѓоко Алоски.

Концертот ќе започне од 20:00 часот, а билетите по цена од 100 денари можат да се купат во специјализираната музичка продавница ЗЗ ТОП.

Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука