Избор Охрид

Планетата Земја, вулканите, вселената… теми на предизвикот за програмирање на НАСА во Охрид

Охрид, 27. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Оваа година градовите Охрид и Скопје се дел од програмерскиот предизвик на NASA Space Apps Challenge, наменет за младите во глобални рамки.

Во Охрид овој натпревар ќе се одржи на 10-ти и 11-ти април во Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Дел од понудените теми за годинешниот предизвик се Планетата Земја, вулканите кои настануваат на неа, ледените брегови на Северниот пол, потоа Вселената, со сите мистични елементи и слично. Од бројните теми за предизвик, учесниците ќе можат да си одберат една и на неа да работат со развивање на апликација која што ќе открива „интересни“ природни настани, коишто се забележени од вселената, со користење на податоци од NASA сателитите.

Решението треба да биде прототип апликација која ги охрабрува корисниците интерактивно да пребаруваат било кој од сателитските снимки на НАСА, за да пронајдат и „интересни“ настани.

Пријавувањата на учесниците завршуваат на 31-ви март. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави