октомври 17, 2017

Охрид, 17. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Руските уметници од Новосибирск, Данила Јефремов на кларинет и Иван Калатај на фортепиано, вечерва ќе одржат концерт во Охрид.

Концертот ќе се одржи во рамките заедничкиот проект на Домот на музиката во Санкт Петербург и Россотрудничество насловен „Амбасада на мајсторство“.

Настанот е организиран од организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со поддршка на Министерството за култура на Руската Федерација и Россотрудничество.

rusija_koncert_360x640

„Амбасада на мајсторство“ се одржува од 2012 година и вклучува патување на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура во странски држави. Особено внимание се посветува на студенти и дипломци на конзерваторијата на возраст од 16 до 30 години – солисти на оркестарска специјалност. Само во првата половина од оваа година се одржани 49 концерти во 25 земји. Данила Ефремов и Иван Калатај вечерва пред охридската публика ќе се претстават со дела од Стравински, Танеев, Гречанинов, Розенблат, Рахманинов, Сабитов, Шопен.

Концертот е со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, а влезот е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука