Охрид, 19. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на ревијата на германски филмови, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев” ќе има проекции на два филмови.
Охридската публика од 18: 00 часот ќе може да ја погледне проекцијата на крими драмата „Кој сум јас“ во режија на Баран Бо Одар.
Во терминот од 20:00 часот ќе се прикажува историската драма „Феникс“ во режија на Кристијан Петѕолд, со Нина Хос, Роланд Зехрфелд и Нина Кузендорф во главните улоги.
Цената на влезницата е 50 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35