Избор Охрид

Жителите од Горна Влашка маала преку протест ќе бараат отстранување на станица за мобилна телефонија поставена на куќа

Охрид, 26. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Жителите од Горна Влашка маала денеска повторно ќе побараат отстранување на станицата за мобилна телефонија поставена на индивидуална куќа, а за утре најавија и протест.

Иницијативата за нејзино отстранување жителите од оваа урбана заедница ја покренаа при крајот на минатиот месец. Тие реагираа на ниската поставеност на антената, штетноста од емитување на електромагнетните зрачења кои овој апарат ги генерира зголемувајќи го ризикот од канцер кај граѓаните. Според нив, со проблемот се засегнати и родителите чии што деца учат во ОУ „Христо Узунов“кое се наоѓа во близина на куќата каде е поставена антената.

Кон граѓанската иницијатива се приклучи и советот на родители од ова училиште, кои побараа отстранување на базната станица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави