Избор Охрид

Супер радио и OhridPress со апел до новата локална самоуправа да се реши проблемот со кучињата скитници (Фото)

Охрид, 26. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – По се` погласните реакции на граѓаните, Супер радио и OhridPress со апел со новата локална самоуправа, проблемот со кучињата скитници да го стави високо на листата прашања кои мора да се решат во периодот кој е пред нас.

Во битката за храна, изгладнетите бездомни животни најчесто се движат во група. Оваа глетка на некој начин како да ни стана нормална. Кучиња се забележуваат и на градскиот плоштад, во стариот дел на градот, низ охридската чаршија и низ улиците во центарот на градот.

turistikucinja2– Многу пати имаме реагирано за кучињата скитници, но сега е веќе алармантно. Јас сум туристички водич и секојдневно водам групи и секој ден се повторува истиот проблем со кучињата. Денес околу туристите имавме околу 20 кучиња кои лаеја и цело време не следеа. Колку и да се трудиме како водичи Охрид да го претставиме во најдобро светло, нашиве туристи не не слушаат што зборуваме, туку се сконцентрирани на тоа да не ги касне некое куче. Почнаа да не нарекуваат City of dogs. И со право, вели во дописот до Супер радио и OhridPress туристички водич од Охрид, кој ни испрати и неколку фотографии.

turistikucinja3Охриѓани оправдано се загрижени за својата и безбедноста на своите деца, особено што често пати кучињата се врткаат околу и во училишните дворови. Спасот го гледаат во изградба на стационар за згрижување на кучињата.

turistikucinja4Оваа ситуација не е од вчера, се провлекува години наназад. На оваа тема имаме пишувано веќе неколку пати, но штом е повторно актуелна значи никакви мерки сеуште не се преземени. Колку за потсетување годинава дури имаше и жртва од напад на куче.

turistikucinja5Ова нека биде уште еден аларм за надлежните и апел до новата градска власт, проблемот со кучињата скитници да биде меѓу приоритетните во идниот период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука