Охрид, 27. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до недела во организација на филмската академија од Охрид се одржува вториот маратон на хорор филмови.
Од Филмската академија ветуваат незаборавно дружење. Вечерва ќе има три филмски проекции, а првата е со почеток во 19:00 часот. Во сабота и недела проекции на филмови ќе има во текот на целиот ден со почеток од 11:00 часот.
Филмовите ќе се прикажуваат во амфитеатарот и училниците на Филмската академија во Охрид, а влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18