Бугарски државјанин упаднал во е-маил комуникација помеѓу фирми од Македонија и Србија
Охрид, 27. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.А. (46) од Сливо Поле, Република Бугарија.
Пријавениот неовластено навлегувал во е-маил комуникација помеѓу фирма од Република Македонија и фирма од Србија и својата приватна жиро-сметка ја прикажал како сметка на фирмата од Македонија. (Крај)
извор: МВР фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |