Охрид, 28. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот центар за култура го распиша конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2017 година.
– Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, но притоа не смее да биде помала од 912 стихови. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За изборот односно наградата одлучува три члено жири составено од реномирани автори од подрачјето на Општина Охрид и Република Македонија, стои во објавениот конкурс.
Заинтересираните автори доколку сакаат да учествуваат ќе треба да испратат четири примероци од поемата, под шифра, на адресата Центарот за култура улица „Македонски просветители” бр. 4, со назнака – Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2017 година.
Конкурсот е отворен до 25-ти ноември. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот, најдоцна до 25-ти декември. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива