Легендата на Барселона Чави најави збогување од фудбалот на крајот од сезоната
Катар, 10. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) –Хавиер Ернандез добро познат како Чави, најави дека на крајот од оваа сезона ќе се збогува од активното играње на фудбал, односно дека ќе и се посвети на тренерската кариера.
Поранешниот феномен на Барселона, светски и двоен европски шампион со Шпанија, моментално настапува за катарскиот клуб Ал-Садд, но одлучил во 37 година од животот да прекине со професионалното играње на фудбал.
„Имав среќа да не бидам повреден и мислам дека дојде време да ставам крај на мојата кариера. Доаѓа до опаѓање, а Катар ми овозможи да ја продолжам кариерата. Сега се чувствувам се поуморен, потешко се опоравувам од напори, така што ова ќе биде мојата последна сезона да играм фудбал. Планирам веќе следната година да добијам лиценца и да станам тренер“, изјави Чави за шпанските медиуми.
Фантастичната играчка кариера ја започна во младинската школа на Барселона.Потоа за првиот тим на кталонците дебитираше во октомври далечната 1998 година и од тогаш одигра дури 767 натпревари и постигна 85 погодоци.
Со Барса освои осум наслови шампион на Шпанија, три пати го освои Купот на кралевите и шест пати Суперкупот.На европската сцена Чави има четири титули во Лигата на шампионите и два Суперкупоа на Европа. Треба да ги додадеме и двете титули клупски шампион на светот.
Во дресот на Шпанија одигра 133 натпревари и постигна 13 погодоци. Од репрезентацијата се збогуваше во 2014 година, после неуспехот на Светското првенство во Бразил. (Kрај)
https://youtu.be/Exn3Kzwyaus
извор: Кајгана фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |