Спорт

Надал уште не може да гарантира дека ќе игра во Лондон

Лондон, 11. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Светскиот рекет број 1, Рафа Надал признава дека уште не може да гарантира дека ќе игра на АТП финалето во Лондон, кое почнува овој викенд.

Надал треба да игра со Белгиецот Давид Гофан во првиот меч на турнирот во понеделник, но пред новинарите призна дека повреденото колено може да не издржи.

„Го давам мојот максимум. Се надевам, но ако не сум подготвен до понеделник, нема да бидам таму. Ако се случи нешто негативно, се собираш и си одиш дома. Но, планот е да бидам тука и да се натпреварувам за титулата“, вели Надал, кој двапати беше финалист на АТП финалето, но тој трофеј му недостасува во богатата колекција.

Надал вчера тренираше со Марин Чилиќ во „О2 Арената“. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука