Избор Охрид навечер

Концерт на бендот Memphis Mafia во Охрид

Охрид, 28. мар 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Objectiff Lounge Bar во Охрид, мини концерт ќе има бендот Memphis Mafia.

Битолскиот рокенрол состав е познат низ цела Македонија по оригиналните настапи, каде ја реоживува и промовира рокенрол културата од 60-те и 70-те години. Најмногу имаат кавер верзии на музиката на Елвис Присли. Дел од нивните преработки, со настапи во живо, или снимени во студио, се поставени на музичкиот канал YouTube.

Имаат бројни настапи шурум македонските градови, а вечерва ќе ја забавуваат охридската публика.

Почетокот на рокенрол свирката со Memphis Mafia во Objectiff Lounge Bar е во 22 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави