Охрид, 13. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сатиричниот моноспектакл на актерот Никола Тодороски, „Писма од земјата“, во четврток, 16-ти ноември, повторно на репертоарот на охридскиот театар.
Станува збор за авторска претстава на Тодороски, работена според раскази на Марк Твен.
Се работи за камерна претстава, па заради малиот број на публика, само 35 места, билетите можат да се добијат само со резервација на бројот 075 283 – 066, во периодот од 11:00 до 15:00 часот.
Цената на влезниот билет е 200 денари, а почетокот на претставата е закажан за 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 32