Охрид, 15. номеври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Националната Установа библиотека „Григор Прличев“од Охрид повторно го збогати книжниот фонд со нови наслови.
Љубителите на пишаниот збор ќе можат да одберат некој од следните наслови на нови книги: „Далеку од вистината” од Линвуд Баркли, „Кралска измама” од Стив Бери, „Трите ќерки на Ева” од Елиф Шафак, „Разум и чувствителност” од Џејн Остин, „Тајна задача: Љубов” од Џули Џејмс, „Човекот кој го создаде Хитлер” од Дејвид Луис, „Полиња жито ридишта крв” од Анастасија Н. Каракасиду, „Акварели” од Васко Ташковски, „Масонски степени” и „Модерна масонерија” од Миле Миќуновиќ, информираат од охридската библиотека. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25