Охридските ракометари поразени од Пелистер, в недела играат против Вардар Јуниор
Охрид, 17. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Охрид со пораз се вратија од гостувањето кај битолски Пелистер.
Со резултат 23-21 на полувреме 14-10 беа совладани од лидерот на суперлигашката табела. Во нашиот состав најефикасни беа Славиша Димитријески, Бобан Блажески и Крсте Андоновски.
Во следното, десетто коло, „гладијаторите“ гостуваат во Скопје кај тимот на Вардар Јуниор. Натпреварот ќе се одигра во недела, со почеток во 17:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |