Избор Хроника

Кривична пријава за две лица кои злоупотребувале дрога во Струга

Струга, 28. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 24-годишниот Б.И. од струшкото село Велешта и 20-годишниот државјанин на Турција, Т.Б., кој е на студиски престој во Струга.

Лицата се товарат за постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.

На 25-ти март оваа година, во куќа на улицата „15 корпус“ во Струга двајцата пријавени се затекнати при пакување опојна дрога хероин и марихуана наменета за натамошна продажба на наркозависници.

– При претресот во една од собите, на маса каде биле пријавените, забележана е истурена прашкаста материја со кафеава боја што според нив, била набавена од лице од Велешта по цена од 6000 денари. Пронајдени се и неколку опаковки со хероин и марихуана и поголем број парчиња од најлонска и алуминиумска фолија за пакување на дрогата. Дополнително, во левиот џеб од јакната на Б.И. пронајдена е марихуана во пакување од 28 грама што тој требало да ја однесе за продажба по претходен договор со наркозависник од Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави