Спорт

Ф1: Прва победа за Фетел во Ферари

Куала Лумпур, 29. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Пилотот на Ферари Себастијан Фетел сензационално триумфираше во трката за Големата награда на Малезија, претекнувајќи ги фаворитите од Мерцедес, Луис Хамилтон и Нико Розберг.

Оваа победа беше прва за Ферари од 2013 година и прва за Фетел во составот на италијанскиот тим. Германецот им одржа лекција на Хамилтон и Розберг, а дека успехот е уште позначаен, говори и фактот што патеката „Сепанг“ остана сува од почетокот до крајот на трката.

Третата трка оваа сезона во Формула 1 за ГН на Кина ќе се вози на 12-ти април.

Beta/AP Photo/Andy Wong
Резултати:

1. Себастијан Фетел (Ферари),
2. Луис Хамилтон (Мерцедес),
3. Нико Розберг (Мерцедес),
4. Кими Раиконен (Ферари),
5. Валтер Ботас (Вилијамс),
6. Фелипе Маса (Вилијамс),
7. Макс Верстапен (Торо Росо)
8. Карлос Саинц (Шпанија, Торо Росо)
9. Даниил Квјат (Ред Бул),
10. Даниел Рикиардо (Ред Бул).

Генерален пласман – возачи:

1. Луис Хамилтон 43
2. Себастијан Фетел 40
3. Нико Розберг 33
4. Фелипе Маса 20
5. Кими Раиконен 12
6. Фелипе Наср 10

Генерален пласман – конструктори:

1. Мерцедес 76
2. Ферари 52
3. Вилијамс 30
4. Заубер 14
5. Торо Росо 12
6. Ред Бул 11 (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави