Избор Охрид

Акција за чистење на брегот на Охридското Езеро

Охрид, 29. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Македонија – зелена и чиста“, Невладината организација „Уметност на живеење Македонија“, во периодот од втори до 5-ти април 2015 година ја започнува акцијата за чистење на брегот на  Охридското Езеро.

– Станува збор за најголемото и најзначајно природно езеро во Република Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Целта ни е со нашето учество да поттикнеме акција со која ќе се исчисти отпадот од овој бисер, кој е прогласен за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Воедно да помогнеме во зачувување на поголем број реликтни и ендемични организми кои живеат во Охридското Езеро, информираат организаторите, кои потсетуваат дека светската важност на езерото се потврди и во 2010 година кога НАСА и Меѓународната астрономска унија едно од езерата на Урановата месечина Титан го нарекоа „Охридско Езеро“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави