декември 12, 2017

Охрид, 12. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот народен театар во сезоната 2016/2017 година реализирал 8 дела, што е двојно повеќе во споредба со претходната сезона.

Според податоците на Државниот завод за статистика во овој период имало вкупно 54 изведби од кои 11 биле гостувачки.

Тетарските дела ги погледнале 9 830 посетители, што претставува речиси двојно зголемување споредено со периодот 2015/2016 година, кога биле евидентирани 5 344.

Analfabet 2

Што се однесува до бројот на вработени, државна статистика во анализираниот период има евидентирано 41 лице, од кои 17 се уметници и 24 останат персонал.

statistikateatar

Охридскиот народен театар годинава го прослави својот шести роденден. Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура опстојува од 2011 година, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука