Охрид, 13. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Книжниот фонд во Националната Установа библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е побогат за уште неколку наслови.
Љубителите на пишаниот збор ќе можат да одберат некој од следните наслови: „Ти си тој што го сакам” од Џована Флечер, „Ќе има друг ден” од Лори Нелсон Спилмен, „Дивергенти” од Вероника Рот, „Збогум најмила” од Кристин Хана, „Крвава месечина” од Катерина Шошко, „Врзани” и „Испревртени” од Ема Чејс, „Криј се” од Лиса Гарднер, „Синот на управникот на сиропиталиштето” од Адам Џонсон и „Калина” од Петре Наковски, информираат од охридската библиотека. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21