Спорт

Марио Гомес се врати во Штутгарт

Штутгарт, 24. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Германскиот фудбалер Марио Гомес се врати во Штутгарт, со кого пред десет години ја освои Бундеслигата.

„Многу сум среќен што ќе се вратам дома, каде што сè почна за мене. Ветувам дека ќе дадам сè од себе Штутгарт да остане таму каде што му е местото“, изјави Гомес за германските медиуми.

Тој ќе потпише договор до летото 2020 година, а во Штутгарт ќе дојде од Волфсбург, кому ќе му бидат исплатени повеќе од три милиони евра за трансферот.Гомес кариерата ја почна токму во Штутгарт, а играше уште за Баерн Минхен, Фиорентина и Бешикташ.

Штутгарт оваа сезона се врати во Бундеслигата и на зимската пауза отиде од 14-тото место, со два бода повеќе од зоната за испаѓање. (Крај)

извор: Спортлајф фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука