Спорт

Селтик прифатил 20 милиони евра за Дембеле, тој ќе игра во Премиерлигата

Глазгов, 25. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – За „златното момче“ на шкотскиот тим постоеа неколку европски гиганти кои беа загреани за неговиот потпис.

Според информациите кои ги пренесува „Скај Спортс“, се вели дека Селтик ја прифатил понудата на Брајтон вредна 20 милиони евра за 21 годишниот француски интернационалец, Муса Дембеле.

Селтик пред само една година направи одлична зделка со Фулам, доведувајќи го големиот талент во своите редови за сума од три милиони евра, сега ќе заработи шест пати повеќе од неговата продажба.

На Брајтон му претстои битка за опстанок во елитното друштво во Премиерлигата, а се чини дека со Дембеле таа цел може да биде остварена.

За Французинот кому му се предвидува блескава кариера заинтересирани беа Челси, Реал Мадрид ,Јувентус и други фудбалски гиганти. (Крај)

извор: 24фудбал фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука