Избор Охрид

Денес првата трка на Дедомразовци во Охрид, пријави и на Градскиот плоштад

Охрид, 30. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Убаво време и новогодишно расположение – денес во центарот на градот ќе се одржи првата трка на Дедо мразовци во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

Сите кои се пријавени, но и сите кои сакаат да трчаат од 12:00 часот треба да дојдат во посебно изработената куќичка во Центарот на градот, каде ќе подигнат бројка и ќе бидат заведени како учесници на трката која ќе започне во 13:00 часот. Овој настан се одржува за прв пат во рамките на новиот начин на прослава на Нова година во Охрид.

– Помлади и постари, големи и мали, оние кои имаат желба за забава, вистинско празнично расположение и одело од Дедо мраз. Сите кои се пронаоѓаат во овој опис веднаш да се пријават на првата трка на Дедо мразовци која ќе се одржи денес во Охрид во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“. На патеката од пред хотелот „City Palace“ до плоштадот ќе се трча од 13:00 часот, а предвидена е и посебна забавна и музичка програма. За најдобрите имаме вредни награди: таблети, мобилни телефони, вечера за двајца и многу други, информираат организаторите.

Ова е само дел од програмата за веселиот новогодишен викенд во Охрид. Повеќе ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука