јануари 2, 2018

Охрид, 2. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Книжниот фонд во Националната Установа библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е побогат за уште неколку наслови.

Љубителите на пишаниот збор ќе можат да одберат некој од следните наслови: „Патот на свилата” од Колин Фалконер, „Војна на световите” од Х. Џ. Велс, „Приказна за суштината на времето” од Рут Озеки, „Балерината” од Матилде Серао, „О, тоа сте вие господине Памук” од Трајче Кацаров, „Приказни за добра ноќ” од Шарл Перо, „Среќни празници, Стилтон” од Џеронимо Стилтон, „Ирина балерина” од Марија Бабамова, „Разбранувани води” од Петко Шипинкаровски и „Волшебната книга” од Фатих Ердоган, информираат од охридската библиотека. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука