Спорт

Ливерпул се интересира за Кевин Стротман

Ливерпул, 9. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Англискиот премиерлигаш Ливерпул е заинтересиран за холандскиот интернационалец Кевин Стротман од редовите на Рома.

По продажбата на Фелипе Кутињо, менаџерот Јирген Клоп и раководството на „црвените“ сега се во потрага по нови засилувања кои би можеле да пристигнат на „Енфилд роуд“ оваа зима.

Стротман појави незадоволство од последните резултати на Рома, во Италија го поврзуваат и со можен трансфер во Јувентус, но добра понуда од Ливерпул секако би можела да ги смени неговите приоритети.

Тој има договор со Рома до 2022 година, но се очекува клубот да не му прави проблеми при евентуално заминување, доколку добие понуда од околу 35 милиони евра. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави