„Кориере дело спорт“ тврди: Анчелоти го превзема Арсенал, познати и условите!
Лондон, 11. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пред неколку дена се појави ексклузивата на британскиот „Стандард“ за можното пристигнување на Карло Анчелоти на Арсенал.
Како што утрово пренесува реномираниот италијански медиум „Кориере Дело Спорт“, Карло Анчелоти се согласил да го превземе Арсенал на крајот од сезоната.
Арсен Венгер има уште една година од својот договор со „топчиите“ и доколку оваа сезона ја заврши без трофеј, а шансите за такво нешто не се мали тој би добил отказ за на негово место да пристигне како што се најавува Карло Анчелоти.
Според информациите на „Кориере Дело Спорт“, Анчелоти ги договорил личните услови со англискиот клуб со кој би потпишал договор на четири години и плата од 8.7 милиони фунти по сезона. (Крај)
извор: Спортски.мк фото: Спортски
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |