јануари 11, 2018

Охрид, 11. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот, а и театрите низ Македонија кои дејствуваат во состав на центрите за култура, новата календарска година ќе ја стартуваат со интересна програма за сите љубители на театарската уметност.

Па, така Народниот театар од Охрид на 26-ти јануари гостува во Кичево, со хит комдијата „Аналфабет“, работена по текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Ден подоцна, односно на 27-ми јануари оваа претстава ќе се игра пред домашната публика.

Центрите за култура, во чиј состав работат и театарските институции, во текот на овој месец ќе организираат и повеќе изложби, промоции, саеми на книгата и други содржини од областа на културата, кои се од особен интерес за граѓаните во градовите во земјава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука