Охрид, 16. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Куќата на Уранија ќе се одржи шестата Меѓународна Конференција „Охрид – Водици 2018“, а годинашната тема ќе биде „Дијаспора, транснационализам и интеркултурни комуникации како нови форми на социјален капитал“.
Почетокот на конференција е закажан за 12:00 часот, а предвидено е да се обратат министерот во Владата, Едмонд Адеми, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, в.д.директорот на Агенцијата за иселенисштво Никола Шалваринов, како и претставници на универзитети, институти од повеќе земји учесници на конференцијата. Организатор на конференцијата е Универзитетот Евро-Балкан од Скопје во соработка со Институтот за Социо-Културолошка Антропологија на Македонија од Скопје, МИРАС – Социјална Организација за Поддршка на Изучување на Културно Наследство од Баку, Азербејџан и Селчук Универзиетот од Конја, Турција.
Пред почетокот на конференцијата во 11:00 часот ќе биде отворена изложба на ракотворби и предмети од традицијата на Турција, што ја донесоа и поставија учесниците на конфернцијата од Универзитетот Селџук, од Конија, Турција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива