Избор Охрид

Охрид денеска во знакот на првоаприлските маски и шеги

 

Охрид, 1. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите од детските градинки во Охрид, како и учениците од основните училишта облечени и маскирани соодветно на први април и годинава ќе се обидат да ги измамат насмевките на охриѓани.

Децата од пониските одделенија во основните училишта со пригодни маски денеска ќе продефилираат од нивните училишта до плоштадот „Свети Климент Охридски“.

decaprviapril1

И најмалите од градинките заедно со своите учителки и воспитувачки ќе приредат своевиден првоаприлски максенбал со музика и шеги. Претходно, децата од сите објекти на градинката пеш и маскирани ќе поминат низ улиците на градот до големиот плоштад.

Првоаприлскиот ден, учениците и децата од градинките во Охрид секоја година го користат и за прошетки во стариот дел на градот. Едни заминуваат, други доаѓаат, но сите го чекаат овој убав и весел ден.

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата се слави секоја година на 1. април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. Тој не е национален празник, но секаде е признаен и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.

Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и некој кој прави трикови попладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука