Избор Хроника

Сообраќајка кај Косел, потешко повредено едно лице

Охрид, 19. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – На магистралниот пат Охрид-Ресен, после селото Косел, синоќа околу 22:00 часот се случи сообраќајна незгода во која е потешко повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистерски таблици управувано од страна на 46-годишниот С.Ј. од Охрид и патничко моторно возило „Киа Сефиа“ со битолски регистерски таблици управувано од 33-годишниот Ј.П. од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Ј. кој по укажаната лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“, поради сериозноста на повредите, бил препратен во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: Мвр фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави