Економија Избор

Охрид добива Fruit Box 2

Охрид, 20. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани од денес ќе можат да уживаат во најубавите смутиња и кафиња на уште една локација, започнува со работа Fruit Box 2.

– Дојдете и посетете нѐ за да ги вкусите нашите свежо цедени сокови, смути, кафиња со бадемово млеко, сурови десерти, кои се приготвени без шеќер и без состојки од животинско потекло, мафини, чиа пудинг и уште многу други интересни работи. За овој месец во Fruit Box 2 имаме и специјална понуда „купи едно смути, добиј две исти“, вели Иво Петровски, сопственик на Fruit Box.

Објектот се наоѓа на булевар „Туристичка“, во зградата „Печијаре“ (во непосредна близина на пекарата Алмико). Ќе можете да ги вкусите свежо цедените сокови, смути, здрава храна, сирови десерти и кафе со највисок квалитет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави