Спорт

Шурле се враќа во Премиер лигата

Дортмунд, 24. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Андре Шурле овој месец би можел да се врати во Премиер лигата откако интерес за него искажа Вест Бромвич Албион.

Тимот предводен од  Алан Пардју го посакува поранешниот фудбалер на Челси како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Борусија Дортумнд се обидува да се ослободи од германскиот фудбалер затоа што тој воопшто не ги исполни очекувањата по пристигнувањето на „Сигнал Идуна Парк“ и е подготвена да плаќа дел од неговата плата само тој да си замине од клубот.

Покрај ВБА, Шурле е понуден на уште неколку клубови од Англија, но клубот кој настапува на „Хоутронс“ засега има најголеми шанси да го донесе во своите редови. (Крај)

извор: суперспорт фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави