Избор Македонија

Денес треба да излезат на слобода првите амнестирани затвореници

Скопје, 29. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Стапи на сила Законот за амнестија, а од денеска ќе започне дистрибуцијата на досиејата на осудените лица до судовите кои им изрекле затворски казни, по што се очекува на слобода да излезат првите амнестирани затвореници.

Од Кривичниот суд велат дека се формирани повеќе кривични совети кои ќе одлучуваат по барањата за амнестија.

Со Законот за амнестија кој се донесе на 15-ти месецов целосно ослободување од затвор ќе добијат околу 800 лица, додека намалување на казната за 30 проценти ќе опфати над 3 илјади осуденици.

Законот не предвидува амнестија за сторителите на убиство, кривични дела за силување, избори и кривични дела против државата. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави