Избор Охрид

Метео: Претежно сончево време со температура до 10. степени

Охрид, 31. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. По котлините поради појавата на температурна инверзија ќе има заматеност на атмосферата или појава на утринска слаба магла.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 10. степени.

– Денес и утре ќе се задржи стабилно време. Во четврток ќе има извесно зголемување на облачноста главно во западнте подрачја. Во петок ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во сабота. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. На планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер, во петок од јужен, а во сабота попладне од северозападен правец, што до крајот на денот ќе услови заладување, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави