Избор Македонија

Нимиц денеска во Скопје на средби со државниот и политичкиот врв

Скопје, 1. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Медијаторот на Обединетите Нации во спорот за името, Метју Нимиц во текот на денешниот ден ќе оствари средби со политичкиот и државниот врв во земјава.

Согласно агендата, Нимиц прво се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, по што ќе се состане и со претседателот на Владата Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

По средбата со Димитров предвидена е официјална изјава за посетата и оценка за средбите.

Нимиц во Скопје пристигна вчера, по дводневната посета во Атина. Тој истакна дека очекува да оствари добри разговори.

За време на средбите со грчките државници, Нимиц изјави дека е време за носење одлуки. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави