Избор Охрид

Метео: Облачно со врнежи од дожд и температура до 12. степени

Охрид, 3. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2. Врнежи од снег најпрво ќе има само на повисоките планини, а до недела наутро снежната граница ќе се спушти до околу 1500 м.н.в. Ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер (над 90км/ч).

Максималната температура во Охрид ќе достигне 12. степени.

prognozavikend

– Утре претпладне се уште ќе има локални врнежи, а до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави