Избор Спорт

Повторно во Охрид технички семинар за теквондо со професорот Ким Унг Чол

Охрид, 3. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец повторно ќе организира технички семинар со професорот Ким Унг Чол.

Професорот Чол, црн појас IX дан е претседател на комисијата за организирање турнири во рамки на Интернационалната теквондо федерација и еден од двајцата носители на титулата Сениор Гранд Мастер во светот.

Семинарот ќе се одржува од 9-ти до 11-ти февруари во новата сала на охридскиот теквондо клуб во Домот на културата во Лескоец. Подетални информации може да се добијат кај претседателот на ХВА РАНГ ИТФ, Марјанчо Лазаревски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави