Избор Спорт

Охрид ќе биде домаќин на Европски куп и Балканско триатлон првенство

Охрид, 8. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид на мапата на домаќини на престижни спортски првенства, есенва кај нас ќе се одржува Европски куп и Балканско триатлон првенство.

Имено, Македонската Триатлон федерација најави дека купот и првенството се закажани за 15-ти и 16-ти септември.

Учество ќе земат околу 300 спортисти од сите европски земји кои ќе се натпреваруваат во дисциплините пливање, трчање и возење велоспед и тоа во три категории, кадети, јуниори и сениори.

Како технички организиатор на настанот се јавува Асоцијацијата „Спорт за сите, сите за спорт“.

Претставници на Македонската триатлон федерација се сретнаа и со градоначалникот Јован Стојаноски.

triatlon opstina

Се разгледале можностите за финансиска и техничка поддршка од општината за овие две големи спортски случувања, коишто се очекува да донесат голем број гости од земјава и странство.

Триатлон Европскиот Куп и Балканското првенство годинава  за прв пат ќе се одржат во Охрид, а организаторите се надеваат  дека тие ќе добијат традиционален карактер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука