Избор Охрид

Во Охрид минатата година се случиле 132 сообраќајни незгоди

Охрид, 16. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 132 сообраќајни незгоди со потешки последици и настрадани лица се случиле на територијата на Охрид во текот на 2017-та година, покажува статистиката на Министерството за внатрешни работи.

Од овие 132 сообраќајни незгоди, 129 завршиле со потешки повреди на учесниците, а во три случаи се регистрирани и загинати лица. Во овие случаи настрадале 174, а загинале 5 лица. Во евиденцијата 149 лица се водат како полесно поврени, а 20 се здобиле со потешки повреди.

Во соседна Струга се случиле 99 сообраќајни незгоди, 96 завршиле со потешки повреди на учесниците, а во три случаи се регистрирани и загинати лица. Во овие случаи настрадале 186, а загинале 3 лица. Во евиденцијата 164 лица се водат како полесно поврени, а 19 се здобиле со потешки повреди.

Како најчести причини за незгодите се наведуваат грешките на возачите, а во сосема мал број случаи грешките на пешаците. Брзото возење, првенството на минување, недржење страна и правец на движење биле најчестите причини кои довеле до сообраќајни незгоди во текот на минатата година. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави