Избор Охрид Хроника

Кривична за малолетник поради неколку кражби во Злести и Песочан

Охрид, 23. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.П.(17) од Охрид.

Казнените дела ги извршил во периодот октомври – декември минатата година во селата Злести и Песочан, општина Дебрца користејќи подесен алат и прибор, но и физичка сила.

Пријавениот, во селото Злести извршил две тешки кражби одземајќи два акумулатори, едниот поставен на земјоделска машина-трактор, а вториот оставен во помошна просторија каде успеал да влезе со насилно кршење на катинарот од влезната врата.

Пред крај на минатата година, пријавениот со алат и со физичка сила насилно отворил и отстранил еден прозорец од контејнер-магацин поставен на магистралниот пат Охрид – Кичево, сопственост на АД фабрика „Карпош – Скопје“ од каде одзел 150 литри нафта, брусен камен и еден акумулатор.

Со извршувањето на трите казнени дела „тешка кражба“, пријавениот Ф.П. се стекнал со противправна имотна корист од околу 20.000 денари. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави