Избор Охрид Хроника

Жена повредена во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Охрид, 26. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случила вчера на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Во близина на селото Подвис, во 17:45 часот дошло до судир помеѓу патничко возило „Шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (61) од Скопје, патничко возило „Фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (48) од Охрид и патничко возило „Опел мерива“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.В. (61) од Битола.

Притоа, со тешки телсни повреди се здобила сопатничката од возилото „Шевролет авео“, Л.Т. (66) од Скопје. Поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави