Избор Охрид

Метео: Во Охрид денес облачно и студено време со температура до 2. степени

Охрид, 1. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Во вечерните и ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои на некои пониски места ќе поминуваат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 2. степени.

– Утрово ќе биде многу студено, речиси насекаде температурата ќе се спушти под -10 степени, а на некои места и под -15 степени. Во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои до петок претпладне на некои пониски места ќе поминат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд. Во петок попладне врнежите насекаде ќе бидат од дожд. За време на викендот се уште ќе има слаб локален дожд, но ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука