Избор Спорт

Кошарка и ракомет вечерва во „Билјанини извори“

Охрид, 7. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Двојно спортско задоволство вечерва во салата „Билјанини извори“.

Кошаркарите на АВ Охрид во рамки на 19-то коло од Втората АБА лига ќе го пречекаат тимот на Сплит. Натпреварот е со почеток во 17:00 часот.

Охридските ракометари, пак, по поразот од Пролет во првиот натпревар од пролетната полусезона, во следното коло на домашен терен го пречекуваат тимот на Борец. Почетокот на натпреварот е во 19:30 часот. Моментално „гладијаторите“ се на четвртата позиција со 25 бодови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука