Избор Охрид

Форум на ИКОМОС за материјали и методи за конзервација и реставрација во Охрид

Охрид, 9. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Националниот комитет на ИКОМОС во соработка со Завод и музеј-Охрид денеска организира форум за традиционалните и новите материјали и методи за конзервација, реставрација и зајакнување на недвижното културно наследство.

На форумот ќе земат учество претставници од МАПЕИ Бугарија. Ќе се одржи во Куќата на Уранија во Охрид со излагање на претседателот на ИКОМОС Македонија, Лазар Шуманов.

ИКОМОС Македонија е еден од 110-те национални комитети на Меѓународниот ИКОМОС (Интернационален совет за споменици и локалитети). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави